Аларм на аеродромот Тегел во Берлин

Од:

Попладнево целосно е блокиран пристапот кон берлинскиот аеродром Тегел каде на терминалот А е пронајден сомнителен багаж без човечка придружба. 

Багажот е уништен од страна на експертите за експлозиви на германската полиција а во него немало опасни материи. 

Багажот е пронајден околу 13 часот и 30 минути  по што сите пристапни патишта кон аеродромот биле затворени. Километарските колони возила во делот од Берлин каде што се наоѓа најстариот аеродром во германскиот главен град продлжиле и по одстранување на опасноста и вратеното слободно движење на патниците кон и од аеродромот. 

За време на полициската операција и покрај блокадата на движење за патниците не биле одложени слетувањата и полетувањата на аеродромот Тегел.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски