Ал Каеда стои зад убиството на амбасадорот Стивенс?

Од:

Најновите резултати од истрагата за неодамнешното убиствот на американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и три други Американци во либискиот град Бенгази укажуваат дека зад нападот најверојатно стои Ал Каеда, а еден од главните осомничени за убиството е човекот за кој се верува дека бил личен возач на Осама бин Ладен.

Нови информации за убиството на Американците на 11 септември во Либија претставени се во во Конгресот во средата, објави американската телевизија Фокс.

„Тие се убиени за време на терористичкиот напад врз нашата амбасада”, рече Мет Олсен, директор на Националниот центар за борба против тероризмот, за време на сослушувањето во Сенатот.

Исто така, извор близок до Стивенс оваа недела за телевизијата Си-Ен-Ен изјави дека амбасадорот пред неговата смрт тврдел дека е на „црната листа” на Ал-Каеда.

Вашингтон веднаш по убиството на Американците, изјави дека анти-исламистичкиот филм “Невиност на муслиманите” бил повод за предизвикување протести низ арапскиот свет, који кулминираа со нападот на американскиот конзулат во Бенгази.

„Информациите што ги објавивме за тоа во што верувавме дека ги предизвика протестите и насилството е врз основа на податоците кои беа на располагање во тоа време”, изјави за новинарите во вторникот, портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

Карни повтори дека САД остануваат на ставот дека четворицата Американци загинаа во “спонтан” напад.

Меѓутоа, различните извештаи укажуваат на можноста дека нападот не бил спонтана ескалација на протестите, како што се тврдеше, туку било однапред испланирано за да ја одбележат 11 годишнината од нападите врз Светскиот трговски центар.

„Ги проверуваме наводите дека луѓето инволвирани во нападот може да бидат поврзани со Ал Каеда или некоја гранка на Ал Каеда, како што е Ал Каеда во исламски Магреб”, изјави Oслен пред комисијата на Сенатот за внатрешна безбедност.

Фокс наведува дека во извештајот особено е укажано на Суфујан бен Куму (53), ветеран на либиската армија кој беше интерниран од американската воена база во заливот Гвантанамо, каде што беше уапсен под сомнение за врски со Ал-Каеда.
Куму беше ослободен од Гвантанамо 2007. година, иако американските власти го сметаа за опасен, и беше вратен во Либија, каде што требаше да остане во затвор.

Меѓутоа, режимот на поранешниот лидер Моамер Гадафи го ослободи од притвор.
„Дејли мејл”, тврди дека Куму потоа станал лидер на бунтовниците кои се обидеа да го соборат Гадафи.

Се верува дека Куму, пред да биде уапсен од страна на американските сили во текот на првите месеци од инвазијата на Авганистан во 2001 година, им помагал на талибанските борци и работел за хуманитарна организација поврзана со Ал Каеда.

Се верува дека едно време бил личен возач на Бин Ладен, иако тој секогаш ги отфрлаше тие наводи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија