Ал Каеда: Обама е виновен за смртта на заробениците

Од:

Терористичката организација Ал Каеда го обвини американскиот претседател Барак Обама за смрт на двајцата заробеници, американскиот новинар и јужноафриканскиот учител, во тек на неуспешниот обид за спасување, кој беше изведен минатиот викенд.

Во видео записот на Ал Каеда, Насер бин Али ал Анси, еден од лидерите на огранокот на организацијата за Арапскиот полуостров вели дека Обама донел погрешна одлука и сам ја потпишал смртната пресуда на својот сонародник Лук Самерс, пренесе „Франс прес“.

-Обама и неговата влада знаат дека нашите барања се оправдани и можеа да преговараат со нас. И покрај нашето предупредување тој се одлучи за вооружено решение на ситуацијата, која и порано не даде резултати – вели ал Анси.

Самерс и учителот Корки се убиени од нивните грабнувачи во моментот кога американски командоси влегле во тајното скривалиште на Ал Каеда на југозапад на Јемен.

Инаку Самерс беше грабнат во јеменската престолнина Сани во септември 2013 година, додека Корки и неговата сопруга во мај истата година, но таа беше ослободена во јануари 2014 година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД