Ал-Хути: Секое израелско присуство во Сомалиленд или во Сомалија ќе биде легитимна воена цел

Од:

Јеменскиот лидер на Хутите, Абдел Малек ал-Хути, денес изјави дека ќе го смета секое израелско присуство на територијата на Сомалиленд, или Сомалија, за легитимна воена цел, како одговор на одлуката на Израел да ја признае таканаречената Република Сомалиленд.

Ал-Хути, како што објави Ал Џезира, изјави дека секое израелско воено присуство во „регионот Сомалиленд“ би претставувало агресија против Сомалија и Јемен и затоа ќе се цел на нивните сили.

Тој ги повика сите земји на брегот на Црвеното Море, како и арапскиот и исламскиот свет, да преземат конкретни чекори и мерки за да спречат, како што изјави, „израелско кршење на суверенитетот на Сомалија“.

Ал-Хути додаде дека неговото движење ќе преземе сите потребни мерки за поддршка на „сомалискиот народ“, нагласувајќи го своето противење на претворањето на кој било дел од Сомалија во израелско упориште на штета на независноста и суверенитетот на Сомалија, безбедноста на регионот и Црвеното Море.

Израелскиот весник „Ма’арив“ објави изјави на израелски претставници дека признавањето на Сомалиленд му обезбедува на Израел стратешка длабочина и нови оперативни опции, како и зајакнување на капацитетите на воздухопловните сили во справувањето со Јемен и Иран.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во петокот објави официјално признавање на Сомалиленд како независна и суверена држава, што предизвика осуда во арапскиот свет и на меѓународно ниво.

Оваа одлука ја осудија Египет, Саудиска Арабија, Советот за соработка на земјите од Персискиот Залив, Турција и Африканската унија.

Сомалискиот претседател Хасан Шеик Махмуд ја отфрли одлуката на израелскиот премиер, велејќи дека неговата земја цврсто го отфрла признавањето на „државата Сомалиленд“ и обидите за пренесување на нестабилноста и конфликтот од Блискиот Исток на сомалиската територија.

Сомалиленд се наоѓа на северозападниот дел од Сомалија, зафаќа околу 175.000 квадратни километри и еднострано прогласи независност во 1991 година.

Би можело да ве интересира

Нови израелски напади врз Газа: Убиени се членови на Хамас и Исламски џихад

Авиокомпаниите ги откажуваат летовите кон Тел Авив

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Израел e во состојба на висока готовност поради можен напад на САД врз Иран

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

Нетанјаху: Добивме зелено светло да го нападнеме Либан