Ал Халифа: Иран е закана за Блискиот Исток како и ИД

Од:

Иран е исто толку голема закана за Блискиот Исток како и џихадистичката група Исламска држава, предупреди денеска министерот за надворешни работи на Бахреин, Халид бин Ахмед Ал Халифа на годишната конференција за регионална безбедност што се одржува во Манама.

Тој го обвини шиитски Иран за илегално внесување на оружје во Бахреин, кој е управуван од сунитска династија. Шиитите се мнозинство во Бахреин и за време на Апарската пролет протестираа поради дискриминиација. Властите во Манама тврдат дека демонстрантите имале поддршка од Техеран.

Ал Халифа осврнувајќи се на шиитските бунтовници посочи дека Јемен може да има иднина само ако се разоружаат Хусите и се вклучат во политилкиот процес.

На конференцијата се обрати и американскиот заменик-државен секретар Ентони Блинкин, кој посочи дека САД и понатаму се „ласерски фокусирани“ на неприфатливите ирански акции, вклучително и поддршката на тероризмот во регионот.

Тој наведе дека американското ангажирање на Блискиот Исток е подлабоко од кога било и оти се проширило и надвор од воениот аспект.

Блинкин наведе и дека нема воено решение за војната во Сирија. Тој наведе дека вмешувањето на Русија во сирискиот конфликт само ја отежнува ситуацијата.

– Русија ќе стане дел од шиитскиот блок заедно со режимот на Башар ал Асад, со Иран и со либанското движење Хезболах и ќе ги сврти сунитите во Сирија и во регионот против неа, истакна Блинкин.

Тој наведе и дека Јемен не смее да си дозволи да чека мир и ги повика сите страни во конфликтот да дозволат пристап до хуманитарната помош.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он