Актуелниот премиер на Франција Филип нема да се трка со Макрон за претседател

Од:

Еден од најблиските соработници на Едуар Филип тврди дека францускиот премир нема да биде кандидат за функцијата претседател во 2022 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Изјавата доаѓа пред реконструкцијата на француската Влада, што се очекува на почетокот на јули.

Популарноста на премиерот Едуар Филип постојано се зголемува од почетокот на кризата со Ковид-19, но сепак е можно тој да замине од премиерската функција при најавената реконструкција на владата по општинските избори. Ова евентуално заминување доведе до лавина од гласини за можните планови на Едуар Филип.

„Едуар Филип нема да биде кандидат за претседател во 2022 против Емануел Макрон. Јас тоа можам да ви го кажам со извесен степен на сигурност, кој е многу висок,“ изјави Жил Боаје, поранешниот специјален советник и близок пријател на Филип.

Во очекување на неговото можно заминување од функцијата премиер, актуелниот премиер е концентриран и на локалната политичка сцена, поточно општинските избори во Л’Авр (Нормандија) каде е кандидат за градоначалник. Деновиве тој изјави дека „негова цел е да биде градоначалниk, набрзо, тоа може да се случи брзо, a ако се случи брзо, тоа ќе биде добро“.

Покрај Едуар Филип исто и актуелната градоначалничка на Париз и кандидат за нов мандат Ан Идалго потврди дека и таа нема да биде кандидат за претседател на Франција.

Би можело да ве интересира

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Трамп: Путин дозволи европски мировници да бидат стационирани во Украина

Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“