Организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ соопшти дека нејзините активисти „освоиле“ две нафтени платформи, протестирајќи против искористувањето на нафтата и гасот од водите на Арктикот.
„Гринпис“ соопшти дека 15 активисти ја запоседнале платформата што ја користи норвешката енергетска компанија „Статоил“, не наидувајќи на никаков отпор од вработените.
„Статоил“ вчера доби зелено светло да врши дупчења во северниот дел на Баренцовото Море.
„Гринпис“ денеска соопшти и дека 30 нивни активисти во холандското пристаниште Ејмајден ја освоиле платформата за чија експлоатација договор има руски „Газпром“.