Активисти на организацијата „Гринпис“ утринава се качија на зграда во Брисел, соседна на онаа во која денеска ќе се оддржи самитот на ЕУ.
Четворица активисти на еколошката организација со јажиња и кациги се спуштија по фасадата и се врзаа на последниот кат на зградата во изградба. Тие раширија транспарант на кој е прикажан автомобил што паѓа во амбис со имињата на нафтени и електро компании.
Полицијата ја набљудува постапката на активистите без да интервенира. – Тие не прават ништо лошо, рече претставник на полицијата.
Екоактивистите се уште беа на зградата кога првите делегации за средбата на врвот на ЕУ почнаа да пристигнуваат.
Зданието во изградба е идното седиште на претседателството на Европскиот совет. Тоа се наоѓа непосредно до зградата во која денеска ќе се оддржи средбата на шефовите на држави или влади од 28-те членки на ЕУ со претседателите на Европскиот совет и Европската комисија.