Активисти на Гринпис активираа огномет во нуклеарка

Од:

Осуммина членови на организацијата Гринпис денеска влегоа во нуклеарнa централа на истокот од Франција и запалиле огномет, за „да потикнат подобра заштита на нуклеарниот отпад“, но и во знак на протест поради прекумерното користење атомска енергија.

Претставници од електроцентралата изјавија дека упадот нема последици врз фабриката, и дека активистите на еколошката организација се уапсени точно осум минути по упадот. Против нив е покрената правна постапка.

Портпаролот на Гринпис рече дека биле свесни за безбедносниот ризик од таа акција. Но, и покрај тоа, натрапниците влегле на само 100 метри од нуклеарниот отпад.

Гринпис лобира Франција да направи посебни бункери над своите базени за отпад.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано