Актерот од светски познатата серија пронајден мртов со прострелна рана

Од:

Актерот Мозес Џеј Мозли, познат по улогата во серијата „The Walking Dead“, почина на 31-годишна возраст.

„Сите што го имаа запознаено го сакаа. Тој беше одлична светлина во очите на сите“, изјави неговиот менаџер за People.

“Тој беше неверојатна личност и сите кои имаа можност да го запознаат знаат дека може да им го направи денот неверојатен. Беше многу талентиран, беше одличен пријател, оној што можете да го поканите за се. Секогаш беше возбуден бидејќи можеше да работи во шоу-бизнисот“, додаде тој.

Мозли беше пронајден мртов во Стокбриџ, Џорџија во средата. Во моментов се истражува начинот на кој починал, но причината за смртта е прострелна рана.

Семејството и роднините рекоа дека од 23 јануари не се слушнале со актерот, па минатата среда поднеле пријава за исчезнување. Потоа стапиле во контакт со компанијата за обезбедување на автомобили OnStar, која го следела неговото возило до местото каде што тој ден било пронајдено неговото тело.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас