Актерот Натан Чејсинг Хорс се соочува со уште девет обвиненија за сексуален напад

Од:

Актерот Нејтан Чејсинг Хорс најпознат по улогата во филмот „Танц со волците“, претходно беше обвинет за сексуален напад на повеќе девојки и жени низ Соединетите Американски Држави, а сега е обвинет за слични злосторства во Канада.

Тој сега се соочува со уште девет обвиненија, вклучувајќи сексуална експлоатација, киднапирање и силување на малолетнички.

Истрагата за злосторствата на актерот со индиско потекло трае со години, а се верува дека едно од првите злосторства го извршил уште во 2005 година, соопшти полицијата.

Актерот, кој глумеше член на племето Сиу во филмот награден со Оскар со Кевин Костнер, е обвинет дека водел култна група наречена „Круг“, а од јануари оваа година е во притвор во Лос Анџелес, каде тој се соочува со вкупно 18 обвиненија.

„Нејтан Чејсинг Хорс ги користел духовните традиции и нивниот систем на верување како алатка за сексуално злоставување млади девојки во многу прилики“, се наведува во неговиот налог за апсење.

Инаку, се додава дека тој имал свои следбеници кои верувале дека обвинетиот може да комуницира со „виши суштества“ и дека му се обраќаат како светец и исцелител.

Александра Казаријан, адвокатка од Калифорнија, која претходно го застапуваше Синг Хорс, сè уште не ги коментираше новите наводи.

Инаку, Хорс поднел жалба до Врховниот суд во Невада, а неговиот правен тим изјавил дека сите дотични девојки самите се согласиле на сексуалните односи. Како резултат на тоа, случајот беше ставен во мирување, но сега се отвораат нови случаи во Монтана и Британска Колумбија.

Би можело да ве интересира

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он