Актери од антивоена драма уапсени во Белфаст за поседување муниција

Од:

Четворица актери од една антивоена драма, заедничка северноирско-босанска продукција, се уапсени на аеродромот во Белфаст за поседување боева муниција.

Инцидентот се случи вчера во доцните попладневни часови, во моментите кога актерите се подготвуваа да влезат во авионот, за да одлетаат во Сараево. Четворицата, од кои еден е актер од Северна Ирска, се притворени кога безбедносниот сканер открил 12 куршуми, сошиени под поставата на џинс јакна на еден од актерите.

На сослушувањето, тие на полицијата и рекле дека не знаеле за куршумите скриени во јакната, објаснувајќи дека таа била купена за потребите на претставата во која настапувале, на И-беј (преку интернет).Тое веројатно и објаснува како муницијата се нашла во нивниот багаж што тие го пријавиле на аеродромот во Белфаст.

По неколку часовно сослушување, четворицата  се пуштени од притвор, без обвинение, па можеле да го продолжат патувањето за Сараево. Сите уапсени учествуваат во мултимедијалниот драмски проект „Освојување на среќата“ што премиерно беше прикажан во рамките на културната манифестација Дери-град на културата во Велика Британија. Драмата има силна антивоена порака и е дело на познатиот босанскохерцеговски антивоен активист Харис Пашовиќ кој во исто време е и режисер.  Во неа се вметнати делови од некои од најтрагичните воени моменти од 20 и 21 век,межу кои и снимки од „Крвавата недела“ во Белфаст, за време на судирањата во Северна Ирска,кога британските војници пукаа во невооружените католички демонстранти, убивајќи на десетина млади северноирци.

Оваа антивоена драма е заеднички проект на „Прајм кат продакшн“ од Белфаст и на саревскиот „Ист-вест центар“. Претставата на Пашовиќ ке биде прикажана на фестивал во Мостар.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска