Ако биде повторно избран за претседател, Трамп ќе ги помилува осудените за упадот во Капитол

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги помилува лицата обвинети за упадот на Капитол на 6 јануари минатата година, доколку повторно стане претседател во 2024 година.

Трамп го кажа ова на митинг во Конро, Тексас.

„Тоа е друга работа што ќе направиме и толку многу луѓе ме прашуваат, ако се кандидирам и победам, да бидам фер кон луѓето од 6 јануари“, рече Трамп, по што доби аплауз на неговите поддржувачи на митингот.

„Ќе се однесуваме фер со нив. И ако е потребно помилување, ќе ги помилувам бидејќи се третирани толку неправедно“, нагласи поранешниот американски претседател.

Би можело да ве интересира

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Трамп: Бев саркастичен кога реков дека можам да го направам тоа

Новиот премиер на Канада: Подготвен сум за разговори со Трамп за трговските односи

А1он