Ајкула усмрти маж на Нов Зеланд

Од:

Едно лице загина денеска откако било нападнато од ајкула во близина на познатата новозеландска плажа „Муривај“.

Ајкулата, која била долга четири метри, исчезнала откако полицајците почнале да пукаат кон неа со цел да го спасат пливачот.

Плажата, која се наоѓа во близина на Окланд, била затворена веднаш по трагичниот настан, кој е еден од десетината кои се случиле на Нов Зеланд во последните 180 години.

Полицискиот инспектор Шон Рутин изјави дека мажот, кој бил на околу 40-годишна возраст, се наоѓал на 200 метри од брегот кога го нападнала ајкулата. За време на нападот на плажата имало околу 200 луѓе.

Според експерти, во водите околу Нов Зеланд можат да се сретнат големи бели ајкули, како и други опасни видови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски