Полицијата во Санта Барбара соопшти дека ајкула убила еден калифорниски сурфер во близина на плажата кај воздухопловната база Ванденберг, јавува АП.
Претставникот на полицијата соопштил дека нападот на ајкулата се случил во вторник наутро по локално време.
Случајните минувачи и пријателите на жртвата кои допливале до него и го извлекле од дното се обиделе да му дадат прва помош, но откако дошле лекарите, можеле само да констатираат смрт.
Сурферот имал 38 години.