АИ: Суданската армија користела хемиско оружје против цивили во Дарфур

Од:

 Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешанл“ (АИ) тврди дека суданската влада дозволила нејзината армијата да користи хемиско оружје против цивили, вклучувајќи и деца, во провинцијата Дарфур.

Според АИ, само во последните напади извршени во текот на јануари годинава, со ова забрането оружје биле убиени најмалку 200 лица, меѓу кои и на десетици деца.

Лугето кои биле жртви на хемискиот напад повраќале крв, имале проблеми со дишењето и гледале како им отпаѓа кожата, додека оние кои успеале да ги преживеат нападот и „отровниот чад“ имаат поинаква боја на очите и на кожата.

Владата во Картум ги отрфла обвинувањата на АИ, оценувајќи дека станува збор за „бесмислени тврдења“ на „Амнести Интернешанл“.

Организацијата, меѓутоа, по осум месечна истрага обезбедиле 56 сведоци, кои зборувале за злосторствата на суданската армија против сопствениот народ во Дарфур.

Сведоците тврдат дека армиските сили го користеле хемиското оружје „барем во тресетина случаи“ врз цивилите во одалечениот реон Џебел Мара. Тие објаснувале и за постојаните бомбардирања, за убиства, насилства и силувања од страна на војската.

Суданската Влада и Армијата војуваат во Дарфур против локалните бунтовници веќе 13 години.
АИ сега бара од меѓународната заедница да спроведе истрага за користењето оружје за масовно уништување во Дарфур, како и да се изврши притисок врз Владата во Картум за да им се помогне на лугето од оваа суданска провинција.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска