Амнести интернешнал располага со потврдени информации дека армијата на Мали за време на најновиот конфликт убивала цивили, а постојат и случаи за исчезнати лица.
Таа органзиација цитира сведоци кои тврдат дека армијата на Мали пред француската интервенција на 11 јануари уапсила „повеќе од 24 цивили“. Се стравува дека голем број од нив се убиени, а тела на дел од нив се оставени во близина на местото Севаре.
Владата на Мали вети дека ќе бидат анализирани обвинувањата дека нејзини војници кршеле човекови права.