Ахунзада: Војната во Авганистан ќе заврши кога НАТО ќе замине од Авганистан

Од:

Лидерот на авганистанските талибанци Маулви Хајбатула Ахунзада изјави дека планираното зголемување на американските војници во Авганистан нема да резултира со крај на војната и вети дека ќе се бори до целосно повлекување на војниците на НАТО од земјата.

– Ако мислите дека можете да ни ја скршите одлучноста со вашето воено присуство и испраќањето на дополнително војници, грешите. Американците треба да разберат дека продолжувањето на војната во Авганистан и интензивирањето на бомбардирањето никогаш нема да доведе до успех. Авганистанците не се народ кој се покорил пред некого, посочи Ахунзада.

Изјавата на Ахунзада беше вметната во порака што талибанците ја испраќаат секоја година пред муслиманскиот Рамазан Бајрам. Тој во порака повтори дека авганистанската Влада е премногу корумпирана и оти мора да си поднесе оставка.

Тој на крајот од пораката апелира до борците да внимаваат во нивните операции да не повредуваат цивили.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан