Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Од:

Талибанскиот лидер вчера изјави дека на Авганистан не му требаат западни закони и дека демократијата е мртва додека е на сила шеријатот. Хибатула Ахунџада ги даде коментарите за време на проповедта по повод исламскиот празник Еид ал-Фитр во џамијата Еидгах, во јужниот град Кандахар, објави First Post. Аудио снимката од 50 минути беше објавена на социјалната мрежа Х од страна на главниот портпарол на талибанската влада, Забихула Муџахид.

– Нема потреба од закони кои потекнуваат од Запад. Ние ќе создадеме свои закони, рече Ахунџада, говорејќи на паштунски јазик, нагласувајќи ја важноста на исламските закони.

Толкувањето на шеријатот од страна на Талибанците доведе до ограничувања за авганистанските жени и девојки, кои се исклучени од образование, многу работни места и повеќето јавни простори. Ваквите мерки ги изолираа талибанците на светската сцена, иако тие воспоставија дипломатски врски со земји како Кина и Обединетите Арапски Емирати.

Ахунџада презеде построга контрола врз политиката откако Талибанците ја презедоа власта во земјата во 2021 година, и покрај првичните ветувања на некои официјални лица за поумерен режим.

Вчера Ахунџада го критикуваше Западот, велејќи дека неверниците се обединиле против муслиманите и дека САД и другите земји се обединети во непријателството кон исламот, притоа споменувајќи ја војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

ВИДЕО: Страотни снимки ја покажуваат силата на земјотресот во Авганистан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Стотици мртви во разорниот земјотрес во Авганистан, спасувачите бараат преживеани во урнатините

Катерина Ѓуровски

На Авганистанците им е забранета љубовна поезија и критика на власта

А1он

Шојгу: Талибанците ќе добијат помош од Русија, ситуацијата во Авганистан е тешка