Ахмадинеџад во официјална посета на Каиро

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Аџмадинеџад денеска допатува во Каиро, што е прва посета на некој ирански лидер на Египет од Исламската револуција во 1979 година.

Египетскиот претседател Мухамед Морси го пречека Ахмадинеџад на аеродром.

Ахмадинеџад за време на тридневната посета на Каиро ќе учествува на конференцијата на Организацијата за исламска соработка и ќе има средби со египетскиот државен врв.

– Ќе се обидам да го трасирам патот за развој на соработката меѓу Иран и Египет, изјави Ахмадинеџад пред посетата на Каиро.

Односите меѓу Техеран и Каиро се нарушија во 1980 година по потпишувањето на мировниот договор меѓу Египет и Израел.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори