Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат го поддржува предлогот за прекин на огнот во Сирија во текот на муслиманскиот празник идната седмица и верува дека слободните избори се вистинскиот пат за решавањето на 19-месечниот конфликт.
Меѓународниот посредник на Обединетите нации и Арапската лига, Лахдар Брахими, предложи силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад и бунтовниците кои сакаат да го соборат од власта, да ги прекинат борбите во текот на празникот Курбан бајрам, кој почнува идната седмица.
Брахми побара од челниците на Иран, највлијателниот сојузник во регионот на Сирија, да ја поддржи оваа идеја.
„Секако дека војната не може да биде соодветно решение, а секога група која до моќта доаѓа со војна и има намера да ја продолжи нема иднина”, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад пред новинарите по завршувањето на Азискиот самит кој се одржа во Кувајт