Агенти на Тајната служба пијани ја пробиле безбедносната ограда на Белата куќа

Од:

Американската тајна служба ги истражува тврдењата дека двајца агенти, кои биле во ноќна забава, влетале со автомобилот низ безбедносната ограда поставена пред Белата куќа.

Доколку се потврдат обвинувањата дека агентите предизвикале инцидент, тоа ќе биде еден од многуте безбедносни пропусти на тајната служба, која го обезбедува американскиот претседател Барак Обама. Според портапролот на Тајната служба, Брајан Лири истрагата за инцидентот ќе ја спроведе генералниот инспектор при Министерството за национална безбедност.

Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека инцидентот се случил на 4 март ноќта, кога двајца агенти со автомобил удриле во заштитната бариера пред Белата куќа. Тие, наводно, претходно биле на забава каде пиеле алкохол и потоа го предизвикале инцидентот.

Обама го именуваше Џозеф Кленси за нов шеф на Тајната служба по критичкиот извештај за инцидентот во кој еден човек со нарушено психичко здравје влезе со нож во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас