Африка и Блискиот Исток најподложни за тероризам, балканските земји со најмал ризик

Од:

Според Глобалниот индекс на тероризам на австралискиот Институт за економија и мир, најголем број на терористички напади се случуваат во земјите во Африка и на Блискиот Исток, додека балканските земји се со најмал ризик од тероризам.

Бројот на смртни случаи предизвикани од тероризам во светот е намален за 22 отсто во однос на 2014 година, но зголемен е бројот на терористички напади во развиените земји на 67 отсто.

Забележан е зголемен раст на индексот поради нападите во Ирак, во Јужен Судан, Турција и Етиопија, поради што на светско ниво ситуацијата е сериозна и покрај намалувањето на влијанието на тероризмот во дури 79 држави.

Петнаесете најзагрозени земји се Ирак, Авганистан, Нигерија, Сирија, Пакистан, Јемен, Сомалија, Индија, Турција, Либија, Египет, Филипни, Конго, Јужен Судан и Камерун.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

На четворицата уапсени за тероризам им е одреден 30-дневен притвор

Катерина Ѓуровски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот