Афиф: Хезболах не доби официјален предлог за прекин на огнот, има оружје за долга војна

Од:

Портпаролот на милитантната група Хезболах, Мохамад Афиф, денеска изјави дека терористичката група не добила официјален предлог за прекин на огнот и дека има доволно оружје и залихи за да води долга војна со Израел.

Ариф рече дека израелските сили не успеале да ја задржат територијата шест недели од нејзината копнена инвазија и дека Израел не успеал да влезе во јужниот град Хиам минатата недела, објави „Тајмс оф Израел“.

„Сè додека не сте во можност да ги контролирате областите на теренот, нема да ги постигнете вашите политички цели“, рече Афиф.

И покрај тврдењата на Хезболах, ИДФ зазеде голем број села во близина на границата за време на нејзината копнена офанзива во јужен Либан, според Тајмс оф Израел, кој посочува дека успеала да посети неколку од овие села придружувани од ИДФ.

Израел најави дека нема планови да ги окупира либанските села на подолг временски период или да навлегува подлабоко на либанска територија.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците