Афера со антракс ги потресе САД

Од:

Федерални официјални лица од САД отпуштија 11 научници, од 23-членото Собрание, кое ја советува владата во врска со истражувања ,кои се опасни кога се работи за патогени агенси. Станува збор за најголема афера поврзана со биолошката безбедност во САД.

Научниците се отпуштени, откако федерални здравствени официјални лица, објавија детали од истрага за неадекватно ракување на научниците со примероци од антракс, во американскиот Центар за контрола и превенција на болести ЦДЦ.

Истрагата доведе до откритие дека постојат дополнителни прекршувања во безбедносните прописи во ЦДЦ, што предизвика загриженост поради начинот на кој научниците во таа служба и ширум САД ракуваат со опасните микроби.

Во еден новооткриен инцидент , научници од ЦДЦ контаминирале примероци на ниско патогени вируси на птичји грип, со еден високо патоген вид и во март тие примероци ги испратиле во лабораторијата на Министерството за земјоделие, каде што вирусите ги усмртиле сите пилиња .

Извршниот директор на Национално научното советодавно Собрание за биолошка безбедност (НСАББ), Мери Грош ги информирала научниците дека нивните услуги повеќе не им се потребни и дека ќе ги заменат со други.

Меѓу научниците кои се отпуштени е и микробиологот Пл Кејм од Универзитетое Северна Аризона, кој играше клучна улога во истрага за нападите со антракс во 2001 година, кога беа убиени пет лица, а 17 заразени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас