Аерофлот ќе ги сместува патниците кои ќе одбијат да носат маска во посебен дел од авионот

Од:

Руската државна авиокомпанија Аерофлот денеска соопшти дека во своите авиони ќе дизајнира посебна зона за патниците кои одбиваат да стават заштитни маски на лицата.

– Одредени места се наменети за патници кои ќе се изјаснат дека одбиваат да користат маски откако ќе се затвори вратата од авионот, изјави портпаролката на Аерофлот, Јулија Спивакова.

Таа додаде дека ова е вообичаена практика низ целиот свет и дека е неопходна мерка.

Аерофлот вчера најави дека патниците ќе можат да се качат на летот само доколку носат маска што целосно ги покрива носот и устата.

Во Русија, од почетокот на пандемијата, заразени се 2,7 милиони луѓе, а речиси 48.000 починаа.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски