Адвокатот на Трамп ги оспори тврдењата на Коми пред сенатската Комисија

Од:

Личниот правен советник на америоанскиот претседател Доналд Трамп, Марк Касовиц вечерва ги оспори тврдењата што поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми ги изнесе при денешното сослушување пред членовите на Комисјата за разузнавање на Сенатот на САД.

Касовиц нагласи дека Трамп не побарал од Коми да му биде лојален и не го насочувал, ниту пак вршел притисок врз него за прекин на истрагата против поранешниот совеник за национална безбедност на американскиот претседател Мајкл Флин, во врска со неговата поврзаност со Русија.

– Претседателот никогаш, формално или суштински, не го насочувал или притискал господин Коми да запре истрага против некого, ниту пак го притискал господин Коми да го остави Флин на мира, нагласи Касовиц,

Тој истакна дека сослушувањето потврдило оти Трамп не бил под истрага за заговор или за попречување на правдата и го обвини Коми за „неовластено објавување на доврелива комуникација“ со претседатрлот.

Касовиц оцени дека продолжува „селективното и противзаконско објавување на доверливи информации“ и дека сега Коми признал оти го правел тоа.

Трамп го ангажкираше Касовиц минатиот месец со цел да ја следи истрагата за евентуално руско мешеање во ланските претседателски избори во САД.

Би можело да ве интересира

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

САД повторно испраќа воена помош за Украина

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните