Адвокат на Европскиот суд: Да се отфрли жалбата на Унгарија и Словачка

Од:

Генералниот адвокат на Европскиот суд на правдата Ив Бот оцени дека Судот треба да ја отфрли жалбата на Унгарија и Словачка за шемата за распределба на илјадници баратели на азил меѓу државите-членки на ЕУ во согласност со системот на квотите.

Бот, во официјалното правно мислење, предлага Судот да ги отфрли акциите на Словачка и Унгарија против привремениот механизам за задолжителна релокација на барателите на азил.

Тој појаснува дека тој механизам всушност на сразмерен начин ќе им овозможи на Грција и на Италија да излезат на крај со последиците од мигрантската криза од 2015 година.

Генералните адвокати на Европскиот суд на правдата редовно се повикуваат да го изнесат своето мислење пред Судот да донесе конечна одлука, а Судот често, иако не секогаш, постапува во согласност со нивните мислења.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени