Администрацијата на Трамп не признава геноцид врз Ерменците

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека нема да го користи зборот „геноцид“ за означување на на масакрот над Ерменците откако Конгресот донесе резолуција со која се признава геноцид извршен за време на Отоманската империја, што предизвика незадоволство на Турција.

– Позицијата на владата не е променета, рече портпаролоката на Стејт департментот Морган Ортагус, додавајќи дека ставот на владата на САД е ист како во изјавата на Трамп, лиферувано во април. Трамп тогаш се осврна на „еден од најлошите масакри во 20 век“, но се воздржа од употреба на зборот „геноцид“.

Сенатот, горниот дом на американскиот Конгрес, едногласно на 12 декември го призна геноцидот на Отоманската империја над Ерменците на почетокот на 20 век. Резолуцијата беше усвоена кон крајот на октомври од страна на Претставничкиот дом.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски