Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Од:

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД
Вашингтон, 26 јули 2022 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе засади повеќе од една милијарда дрвја на милиони хектари земја што се изгорени од пожари или уништени од лизгања на земјиштето во западниот дел на земјата.

Многу шуми природно се обновуваат по пожарите, но ако пламените јазици беа премногу интензивни, тие можат да остават зад себе разорен пејзаж со децении пред дрвјата повторно да се појават таму.

Американскиот Конгрес минатата година донесе закон со кој и наложува на Шумската служба да засади 1,2 милијарди дрвја во текот на следната деценија, а во април, Бајден ја задолжи истата агенција да ги направи шумите поотпорни во пожешкиот свет.

Во САД годинава во пожарите изгореа 5,6 милиони хектари шума.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

А1он

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска

Герила акција – Скопските дрвја во синџири