Абу Рудеинех: Абас е подготвен за трилатерална средба со Нетанјаху во Москва

Од:

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Набил Абу Рудеинех, денеска изјави дека лидерот на Палестинците е подготвен за трилатерална средба со Израел во Москва, доколку биде поканет од рускиот претседател Владимир Путин.

Абу Рудеинех реагираше на изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој пред неговата посета на Москва и на разговорите со Путин, изјави дека е подготвен за трилатерален средба, ако палестинскиот лидер „некогаш се појави на неа“.

– Тоа воопшто не е вистина. Путин претходно договори средба со Нетанјаху во Москва и нашиот претседател се согласи на трилатерален состанок, но Нетанјаху го избегнуваше, изјави Абу Рудеинех.

Тој нагласи дека Абас е секогаш подготвен да прифати покана од Путин за да се сретне „во кое било време со актуелниот премиер или кој било иден израелски премиер, кој ќе го преземе тоа место по изборите, со цел да се обезбеди праведен и траен мир“.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање