Абортусот легализиран во Уругвај

Од:

Уругвајскиот конгрес вчера гласаше за легализација на абортусот во првите 12 седмици од бременоста, што е реткост за мнозинската Латинска Америка.

Уругвајскиот Сенат гласаше со 17 гласа „за” и 14 „против” за предлог-законот, кој долниот дом на парламентот го прифати минатиот месец по 14 часовна расправа. Претседателот Хоза Мујика, поранешен левичарски герилец, најави дека ќе го потпише предлогот кој така ќе стане закон.

Во Латинска Америка живеат околу половината католици во светот, а црквата се спротиставува под кои и да се околности. Уругвај, меѓутоа, за разлика од другите јужноамерикански земји, има силна секуларна традиција.

Неодамна едно истражување на јавното мнение покажа дека 2 отсто од Уругвајците веруваат дека абортусот треба да се легализира, а на тоа се спротиставуваат 34 отсто.

Уругвај е третата латиноамериканска земја којашто го озаконува абортусот до 12-та седмица од бременоста, по комунистичка Куба во 1965 година о Гвајана во 1995 година.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Горан Наумовски

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај