Абхазија: Не планираме приклучување кон Русија

Од:

Абхазија не планира да ѝ се придружи на Русија, изјавија денеска локални претставници по најавите на блискиот регион Јужна Осетија, што најави дека ќе преземе акција за приклучување.

– Русија е наш стратешки партнер, драга и блиска земја, но ние во републиката (Абхазија) немаме намера да се приклучиме на Руската Федерација, истакна Кварчија.

Додека секретарот на Советот за безбедност на Абхазија, Сергеј Шамба наведе дека регионот ги поддржува аспирациите на Јужна Осетија, но не ја дели нејзината цел за приклучување кон Русија.

Јужна Осетија планира да одржи референдум за приклучување кон Русија по регионалните избори закажани за 10 април.

Официјална Москва ги призна Јужна Осетија и Абхазија како независни држави по руската војна со Грузија во 2008 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов