Абе побара од џихадистите на ИД веднаш да го ослободат јапонскиот новинар

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и американскиот претседател Барак Обама денеска телефонски разговараа околу решавање на кризата со јапонските заложници, соопшти висок претставник на јапонското Министерство за надворешни работи.

Јапонскиот премиер денеска од џихадистите побара веднаш да го ослободат јапонскиот новинар Кенџи Гото.

Тој по итниот состанок на кабинетот изјави дека „ваков акт на тероризам не е дозволен и во него предизвикува силна огорченост“.

Абе веројатно разговарал со Обама за соработка во напорите на Токио да ја реши кризата со јапонските заложници, откако на интернет беше објавена видео-снимка на која, наводно, се прикажува убиството на Харуна Јукава, еден од двајцата јапонски државјани киднапирани од џихадистите на групата Исламска држава (ИД). Јапонската Влада сепак се сомнева во автентичноста на снимката.

Обама му изразил сочувство на јапонскиот премиер поради убиството на Јапонецот, соопшти Белата куќа.

Во претходно соопштение Обама го осуди „бруталното убиство“ на јапонскиот државјанин и наведе дека САД во овие тешки моменти ќе бидат „рамо до рамо“ со Јапонија. Тој повика и на итно ослободување на вториот јапонски заложник.

На видео снимката, која вчера е објавена на интернет, Гото држи фотографија и вели дека другиот заложник е убиен, а за тоа го обвинува јапонскиот премиер. Мајката на новинарот е скептична кога станува збор за гласот на снимката, кој е наводно на нејзиниот син, тврдејќи дека Гото зборува одлично англиски јазик, а прикажаното звучи многу поинаку.

Јукава е киднапиран минатото лето, а Гото кон крајот на октомври кога заминал во Сирија со цел да се обиде да го спаси својот пријател Јукава. Џихадистите на 20 јануари објавија снимка од двајцата Јапонци, заканувајќи се дека ќе ги убијат во рок од 72 часа доколку не им биде исплатен откуп од 200 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија