Абе и Трамп разговараа по телефон за кризата во Северна Кореја

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе телефонски разговараше со претседателот на САД, Доналд Трамп и изјави дека приоритет број еден за нив двајца е да не се дозволи режим на Северна Кореја да истрела ракети.

Абе изрази задоволство од ветување на Трамп дека САД заедно со сојузниците во регионот ќе се справат со заканите од Северна Кореја.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин, пак, изјави дека севернокорејската нуклеарна криза треба по секоја цена да биде решена на мирен начин и оти САД не треба да преземат никакви воени чекори без согласност на Јужна Кореја.

Мун ова го изјави во телевизиско обраќање денеска, посветено на годишнината од крајот на Втората светска војна и ослободување на Корејскиот Полуостров од јапонското колонијално ропство.

Претседателот изјави дека Владата на Јужна Кореја ќе стори се што е можно за да спречи нова војна на Корејскиот Полуостров.

– Кризата со севернокорејската нуклеарна програма треба по секоја цена да биде решена со мирни средства. Владите на Јужна Кореја и САД имаат различни позиции по тоа прашање, додаде Мун.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп