Абе: Договорот меѓу Сеул и Пјонгјанг ќе придонесе за намалување на тензиите

Од:

Постигнатиот договор меѓу Северна и Јужна Кореја ќе помогне за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе. Во изјава пред парламентот Абе изрази надеж дека Северот ќе се воздржи од провокации, а договорот ќе помогне за намалување на тензиите во регионот и разрешување на останатите спорни прашања.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и портпаролот на на Стејт департментот на САД, Џон Кирби исто така го поздравија договорот.

Бан кој беше министер за надворешни работи на Јужна Кореја од 2004 до 2006 година изрази надеж дека перспективата за редовни средби меѓу двете држави ќе помогне за решавање на проблемите кои може да се појават.

Јужна Кореја веќе не емитува пропагандни пораки преку звучници кон Северот, а од Пјонгјанг сега се очекува да ја укине зголемената борбена готовност на своите граници. Јужнокорејските сили ќе останат во готовност додека Северот не ги повлече своите сили распоредени по границата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски