Абас: Палестинците никогаш нема да го признаат Израел за еврејска држава

Од:

Палестинците никогаш нема да го признаат Изрел за еврејска држава, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас на советување на раководството на Организацијата за ослободување на Палестина во Рамала, на Западниот Брег.

– Никогаш нема да се согласиме да ја признаеме еврејската држава, изјави Абас како одговор на повеќекратните апели на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Абас нагласи дека Палестинците го признале Израел во 1993 година.

Тој исто така напомена дека новата палестинска Влада треба да ги отфрли насилството и теророт.

Раководството на Организацијата за ослободување на Палестина денеска ја усогласува реакцијата, откако Израел објави дека ги замрзнува мировните преговори поради одлуката на Рамала да состави влада на национално единство, заедно со исламистичката групација Хамас. Резултатите од консултациите ќе бидат објавени утре.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање