Палестинскиот претседател Махмуд Абас утринава изјави дека таргетирањето на болницата Ал Ахли во Газа е „ужасен воен масакр“ што не може да се толерира, додавајќи дека разговорите за што било друго освен за завршување на војната се неприфатливи.
„Израел ги премина сите црвени линии… Нема да заминеме или да дозволиме некој да не избрка од таму“, рече Абас, пренесе Ројтерс.
Здравствените власти во Појасот Газа, управуван од Хамас, соопштија дека израелски воздушен напад предизвикал експлозија во која загинаа неколку стотици луѓе, додека израелската војска соопшти дека болницата била погодена од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинската милитантна група Исламски џихад.