Министерството за одбрана на Русија соопшти денеска дека 728 сириски бунтовници изминатите 24 часа се префрлени во западно Алепо и оти тие го предале своето оружје.
Министерството истакна дека во истиот период 13.346 цивили напуштиле делови од Алепо под контрола на бунтовниците.