67 уапсени во протестите во Чиле

Од:

Повеќе десетици илјади лица синоќа протестираа во Чиле на повик на најголемиот чилеански синдикат, а во текот на протестите полицијата уапси вкупно 67 лица, додека шестмина полицаји беа повредени во судирите со демонстрантите.

Според податоците на организаторите, на протестот во чилеанската престолнина присуствувале околу 150 илјади лица, додека проценката на градските власти е помала и изнесува 30 илјади лица.

Помала група на маскирани демонстранти се судрија со полицијата, фрлајќи кон нејзините припадници молотови коктели, а исто така запалија и еден градски автобус.

Чилеанскиот Централен работнички синдикат го осуди насилството. Оваа организација исто така ги повика работниците на штрајк со цел подобрување на условите на работа, но на тој повик, според податоците на чилеанскиот министер за внатрешни работи Андрес Чадвик се одзвале само 6,4 отсто од вработените во јавниот сектор.

protestchille

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле