55 уапсени по инцидент во храм на Сики во Англија

Од:

Британската полиција соопшти дека се уапсени 55 лица, по инцидентот во храм на Сиките, во местото Лимингтон Спа, во околината на Ковентри, во северозападна Англија.

Инцидентот се случил во неделата во раните утрински часови, кога поголема група вооружени мажи, навлегле во сики храмот Гудвара Сахиб и го окупирале.

Нападот бил изведен со цел да се спречи венчавката на една мешовита двојка, на младоженец Сик и невеста која не и припаѓала на заедницата на Сиките.

На овој инцидент што траел десетина часови му претходеле долги и жестоки расправии во оваа заедница, околу тоа дали во храмот треба да дозволат венчавки на религиозно мешовити двојки.

Полицијата била повикана да интервенира за да се спречи поголем инцидент со потешки последици.

Според претставник на локалните Сики, полицијата повикала религиозни лидери кои заедно со полицајците настојувале да ја смират ситуацијата и да ги натераат напаѓачите да го напуштат храмот.

Тие подоцна изјавиле дека не станувало збор за закана кон безбедноста на лугето, инсистирајќи дека нивниот протест бил мирен, потикнат од тоа што тие не се согласуваат мешовите бракови да се венчаваат во храмот на Сиките.

Претставник на полицијата изјави дека при апсењето било заробено поголемо количество ладно оружје, меѓу кое и многу традиционални ножеви што Сиките ги носат во посебни церимонијални прилики.

По апсењето на сите 55 напаѓачи, полицијата останала во храмот и во текот на ноќта, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он