Околу 50 лица се повредени во земјотресот со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала, кој ја погоди денеска индонезиската провинција Ачех.
Претставници на здравствените власти изјавија дека во болниците се примени околу 50 лица, кои се ранети од урнатите ѕидови или паднатите предмети.
Геофизичкиот институт на САД соопшти дека земјотресот во провинцијата Ачех во западниот дел на островот Суматра бил на длабичина од десет километри и со епицентар на 55 километри западно од градот Биреун.
Во 2004 година силен земјотрес во Ачех предизвика цунами, во кое загинаа 230 илјади лица во цела Азија.