43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Од:

Туристички автобус се превртел на автопатот Суец-Каиро при што се повредени 43 туристи од различна националност и четворица Египќани, меѓу кои и возачот, додека се враќале од Шарм Ел Шеик, јавува денеска египетскиот портал Каиро 24.

Во несреќата, покрај возачот на автобусот, повредени се 11 Турци, двајца англиски државјани, 21 Русин и девет италијански државјани, кои се пренесени во медицинскиот комплекс во Суец, додека тројца Египќани одбиле да бидат пренесени во болница, соопштија од Египетски портал.

Сообраќајните службеници во моментов ги истражуваат причините за несреќата за да утврдат дали несреќата настанала поради преголема брзина или неисправност на возилото.

Генерал-мајор Тарик Хамид Ал Шазли, гувернерот на Суец, наредил да се подигне нивото на подготвеност во медицинскиот комплекс во Суец и да се повикаат медицински тимови за лекување на повредените во несреќата, пишува египетскиот портал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Автобуска несреќа во Белград: 20 лица се повредени, меѓу кои дете и бремена жена

Горан Наумовски

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

(ВИДЕО) Автобус со руски туристи удри во патарина, 27 повредени

Горан Наумовски