Поминаа 40 години од авионската несреќа во Чиле, која ги претвори преживеаните во канибали. Авионот “Фарчаилд” исчезна на 13. октомври 1972. година на својот пат од уругвајската престолнина Монтевидео до Сантјаго, Чиле. Десет недели по несреќата чилеанските воздухопловни сили го открија урнатиот авион во подножјето на аргентинската планина, и открија дека за чудо преживеале 14 лица.
Првите информации за преживеани по несреќата се добиени ден пред да ги откријат, откако двајца од патниците на урнатиот авион, 10 дена се обидуваа да повикаат помош, по што конечно воспоставија врска со цивилизацијата.
Двајцата мажи, Роберто Канеса и Фернандо Парада, успеаа да се поврзат со службите за итна помош и да ги упатат кон местото на несреќата. Шест од преживеаните беа пренесени со хеликоптер до локалната болница, додека другите осум добија медицинска помош на самото место, и чекаа временските услови да дозволат и нивно пренесување.
Пилотот изврши принудно слетување во снежната долина откако авионот се соочи со тешки временски услови. Канеса, студент по медицина, објаснуваше дека од 45-те патници преживеале 25 веднаш по ударот. Осум лица го загубиле животот откако ги затрупала лавина две недели по несреќата. Фернандо Перадо, студент по инженерска механика, ја опиша смртта на мајка му и сестра му, но длабоко во себе знаел дека не треба да губи надеж и конечно Бог слушнал за нивните молитви.
Преживеаните 10 недели биле на чоколади и малку храна што им останала во багажот. Со топењето на снегот ја гаселе жедта, а спиеле на седиштата на авионот. Рон Харли, студент по електроника, успеал да го поправи радио транзисторот. На десеттиот ден тие разбирале дека потрагата по нив е прекината. Четири дена откако беа спасени, медиумите информираа дека преживеаните станале канибали, за да се спасат од смртоносниот глад. Тие од време на време печеле парчиња од труповите на загинатите другари. Тоа го раскажува и Карлос Паес, еден од преживенните, во својата книга “По десеттиот ден”.
Сите преживеани биле на возраст меѓу 19 и 26 година, со исклучок на 36-годишен бизнисмен. Приказната за нечовечкиот тест е опишан во романот на Пирс Пол Рид, “Живи”. По оваа книга е направен и филм.