Несреќа во каменолом крај Росоман: Се преврте камион, тешко повреден е возачот

Од:

Работник бил тешко повреден вчера во каменолом во Росоманско, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи, управувал товарно возило „мерцедес“ возилото се превртело. Притоа, тој се здобил со тешки повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.

Синоќа во 18.30 часот во ОВР Кавадарци, Е.Н.(22) од Кавадарци пријавила дека на улица „Вишешница“ во Кавадарци била физички нападната од В.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Несреќа на патот Прилеп-Битола, загина 49-годишен маж

Несреќа во Германија: Возач изгуби контролата и „влезе“ во слаткарница, најмалку петмина се повредени

Несреќа во Германија, автомобил удри во група деца, има повредени

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он