Четири лица се повредени денеска во експлозија на две ракети во јужното преградие на Бејрут, упориште на шиитската организација Хезболах, соопшти либански безбедносен извор, пренесуваат светските медиуми.
Ракетите „град“ го погодија јужното предградие на Бејрут. Една падна во салон за автомболи, при што се повредени четири лица, а возилата се оштетени.
Тоа е првпат јужното предградие на Бејрут да биде цел на напад од кога пред две години почна судирот во соседна Сирија, каде Хезболах воено го поддржа режимот во борбата против бунтовниците, кои се обидуваат од власт да го симнат претседателот Башар Ал Асад.
Денешните експлозии се случија само неколку часови откога лидерот на Хезболах Хасан Насралах вети „победа“ во Сирија.