ФОТО: Тајните тунели во летниковецот на Берлускони направени како база на Џејмс Бонд

Од:

Сите го знаат летниковецот на Силвио Берлускони на Сардинија, местото каде екс италијанскиот премиер ги одржуваше познатите забави со манекенките.

Летниковецот кој се простира на 60 хектари има подземни тунели и таен излез во случај на опасност за што сите досега нагаѓаа, но италијанскиот фотограф Антонело Запада на својот блог ги објави првите фотографии токму на тој таен дел од летниковецот.

Запада кој стана познат во 2009. година откако ги сликаше голите девојки во резиденцијата на Берлускони, тврди дека фотографиите ги добил од анонимен извор.

Тајната подземна мрежа која потсетува на онаа од филмовите за британскиот таен агент Џејмс Бонд, има и базен на чие дно се наоѓа мозаик со ликот на Посејдон. Има и тунели кои водат директно на морето.

Тајниот подземен дел од вилата за кој знаела само тајната служба наводно е изграден во 2004. година откако Берлускони добил 38. заканувачки пораки.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он