Во Украина денеска се одбележуваат 29 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил, а традиционално државниот врв и учесниците во процесот за надминување на последниците од несреќата ќе положат венци на меморијалниот споменик на жртвите.
Во целата земја ќе се одржат концерти во спомен на жртвите. Претседателот Петро Порошенко планирано е денеска да ја посети поранешната нуклеарна централа.
Претходно овој месец беше соопштено дека активностите за прекин на експлоатацијата на нуклеарната централа Чернобил завршиле.
Нуклеарката во моментов е во фаза откажување од експлоатација, за што Владата во Киев ова година ќе потроши околу 30 милиони долари.