27 загинати во бунт во главниот затвор во Шри Ланка

Од:

Најмалку 27 лица загинаа, а 43 се повредени во бунтот кој изби во главниот затвор во Шри Ланка, откако затворениците ги нападнаа стражарите и дошле до огнено оружје.

Во болница се пренесени вкупно 16 луѓе, кои им подлегнале на повредите, а во затворот денеска се пронајдени уштре 11 безживотни тела, соопштија властите, истакнувајќи дека е формирана тричлена комисија која ќе го истражи овој инцидент.

Жртвите се главно затвореници, а болнички извори тврдат дека загинал и еден стражар.

Безбедносните сили успеале да воспостават контрола врз ситуацијата во затворот Великада во главниот град Коломбо и ги ослободиле киднапираните службеници.

Немирите започнаа вчера додека командоси на полициските специјални единици го претресувале затворот поради наоѓање дрога и незаконски мобилни телефони. При излезот затворениците започнале да фрлаат со камења. Полицијата употребила солзавец, а затворениците во одговор отвориле оган од оружје кое го украле од казнено поправниот дом.

Во затворот има околу 4.500 затвореници, вклучувајќи и членови на сепаратистичката бунтовничка група „Тамилски тигри“. Полицијата проверува колку од затворениците успеале да избегаат за време на престрелката.

Во истиот затвор во јануари се случи слично насилство, во кое имаше само повредени.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска