238.000 луѓе загинале лани во војни – Украина не е најкрваво боиште

Од:

Минатата 2022 година беше најлоша од почетокот на 21 век по бројот на жртви на војните – 238.000 загинати. Бројот е најголем досега уште од геноцидот во Руанда во 1994 година, објави Институтот за економија и мир (ИЕП) во својот Глобален индекс на мир, објавен во Лондон.

Годинава, речиси двојно повеќе загинати во споредба со претходната 2021 година. Драматичното зголемување на стапката на смртност најмногу се должи на војната во Украина, каде минатата година биле убиени 83.000 луѓе, но конфликтот во Украина не е местото каде годинава имало највеќе жртви.

Најкрвавиот конфликт се случи во Етиопија, каде животот го загубија 100.000 луѓе, како резултат на болести и глад предизвикани од борбите меѓу владините сили на Етиопија и Еритреја и бунтовниците на народниот ослободителен фронт Тиграј.

Според студијата објавена оваа среда на 28 јуни, конфликтите во 2022 година исто така предизвикале загуба од речиси 13 отсто во глобалната економија. Економските трошоци поврзани со вооружените конфликти достигнаа 17,5 трилиони американски долари, што одговара на 13 oтсто од светскиот бруто-производ.

Глобалниот индекс на мирот ја рангира ситуацијата во 163 земји во светот врз основа на 23 квалитативни и квантитативни показатели, составувајќи листа од најмирните до најпроблематичните. Според индексот, светот е се помалку мирен веќе деветта година по ред.

Меѓу индикаторите кои се разгледуваат во Глобалниот индекс на мирот се смртните случаи од внатрешни и надворешни конфликти, бројот на убиства, степенот на милитаризација, извозот на оружје, тероризмот, политичката нестабилност и бројот на затвореници.

Во Македонија пак според Државниот завод за статистика, вкупниот број случаи на насилна смрт, е намален за 28.2 % во однос на претходната година и изнесува 486. Според полот, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 %. Сепак во вкупната бројка најголемо учество имаат несреќните случаи со 78.6 %, самоубиствата со 20.2 % и убиствата со 1.2 %.

Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин учествуваат со 0.8 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Двајца загинати во сообраќајната несреќа на патот Радовиш-Штип

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва